Добредојдовте на веб страната на https://e-corner.mk. Со пристапување на нашата веб страна или со користење на нашите услуги, Вие потврдувате дека ги прифаќате овие Општи правила и услови за купување и користење (во понатамошниот текст: “Правила и услови”) и се согласувате да ги почитувате. Доколку не се согласувате со овие Правила и услови, Ве молиме да не ја пристапувате кон нашата веб страна и да не ги користите нашите услуги.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие Правила и услови пред да направите било какви нарачки од нашиот сајт.
Доколку имате било какви прашања кои се однесуваат на Правилата и условите за купување и користење, Ве молиме да се обратите на нашата e-mail адреса reservations@skycorner.mk .
Овие Правила и услови може да бидат променети. Ваша одговорност е да ги читате периодично, бидејќи ќе важат Правилата и условите за време на користењето на веб страната или склучувањето на релевантниот Договор коишто се правосилни во моментот.
Продажбата на добра преку оваа веб страна се изведува од страна на Друштво за услуги и трговија на големо и мало увоз-извоз ИНФО БИРО Драган и Димитри ДОО Охрид, регистрирана адреса на Ванчо Николески бр.3, Охрид, Република Северна Македонија, регистрирано со матичен број на правното лице 4266161 во Централниот регистар на Република Северна Македонија и со даночен број MK 402099101247.
Веб страната https://e-corner.mk може да се користи без никакви надоместоци за користењето, а во согласност со овде наведените Правила и услови.
Со користење на оваа веб страна и нарачување преку неа, се согласувате и изјавувате дека:
- Ќе ја користите оваа веб страна само за законски валидни нарачки.
- Нема да правите лажни или измамнички нарачки. Доколку нарачка од ваков тип може разумно да се смета за направена, овластени сме да ја откажеме и да ги информираме надлежните органи.
- Дека имате над 18 години и дека сте законски квалификувани да склучувате обврзувачки договори.
Лицата помлади од 18 години не смеат да ја користат веб страната. ИНФО БИРО ДОО Охрид не поседува или одржува информации за лица со возраст под 18 години и веб страната не е дизајниранa за да привлече некој под 18 годишна возраст.
Забранета продажба на алкохолни пијалоци и цигари на лица со возраст под 18 години. Со купувањето на овие производи (алкохолни пијалоци и цигари) се изјаснувате дека имате најмалку 18 години.
Доколку се решите да направите нарачка на нашата веб страна, се обврзувате истата уредно да ја примите на локацијата која ќе ја наведете. При злоупотреба на нашиот сервис, односно, при правење на лажна и измамничка нарачка, ИНФО БИРО ДОО Охрид има целосно право да покрене законска постапка против Вас за да ја надомести штетата која е резултат од злоупотребата направена од Ваша страна.
За да се регистрирате на нашата веб страна треба да го пополните формуларот за регистрација. Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата.
Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата, должни сте да го ажурирате Вашиот профил како би не информирале за настанатите промени.
Условите за купување на производи преку веб страната се дефинирани со следниве параметри: нарачка, подготовка, испорака, плаќање, рекламација.
Испорачател на производите е ИНФО БИРО ДОО Охрид кој преку своjaтa веб страна овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.
Услугата за испорака на производите понудени во оваа е-продавница е достапна секој ден од понеделник до недела, на територијата на Република Северна Македонија, согласно ценовникот за испорака наведен на нашата страница.
- Нарачка
Нарачка од е-продавницата се остварува по електронски пат со селектирање на производи, нивни количини и додавање на истите во Вашата кошничка. Одбраните производи се сметаат за успешно нарачани во моментот кога ќе го изберете полето “Плати online” и ќе извршете успешно плаќање со платежна картичка.
Доколку не сме во можност да испорачаме било кој од нарачаните производи, ќе Ве контактираме телефонски. Сите нарачки на производи зависат од достапноста. Слично, доколку има потешкотии со добавувањето на производи или доколку нема веќе производи на залиха, го зачувуваме правото да Ве информираме за заменски производи од ист или подобар квалитет и нивната вредност.
Одбивање да се процесира нарачка
Го зачувуваме правото да отстраниме кој било производ од оваа е-продавница во кое било време и да отстраниме или промениме каков било материјал или содржина од неа. Иако секогаш ќе сториме сè што е возможно да ги процесираме сите нарачки, може да има исклучителни околности кои ќе нè принудат да го одбиеме процесирањето на нарачката откако сме ја испратиле Потврдата за нарачка. Го зачувуваме правото да го сториме тоа во кое било време.
Нема да сме обврзани кон Вас или кон трета страна за отстранување производ од е-продавницата, за отстранување или промена на каков било материјал или содржина од е-продавницата или за непроцесирање нарачка откако сме ја испратиле Потврдата за нарачка.
Цени
Цените важат во моментот кога е направена нарачката. Сите цени се изразени во македонската национална валута - денари (МКД) со вклучен ДДВ.
Цената на производите секогаш ќе биде онаа што е наведена на нашата е-продавница, освен во случај на очигледна грешка. Иако ќе сториме сè да гарантираме дека цените дадени на е-продавницата се точни, може да настанат грешки. Доколку откриеме грешка во цената на кој било од производите кои сте ги нарачале, ќе Ве информираме во најбрз можен рок и ќе Ви дадеме можност да ја потврдите нарачката со коригираната цена или да ја откажете. Доколку не сме во можност да Ви се обратиме, нарачката ќе се смета за откажана и сите платени износи ќе Ви бидат надоместени во целост.
Не сме обврзани да Ви дадеме кој било производ со погрешно наведена пониска цена (дури и кога сме ја испратиле Потврдата за испорака) доколку грешката во цената е очигледна и јасна и сте можеле разумно да ја препознаете како погрешна цена.
Ориентациона цена
Цената во Вашата кошничка е ориентациона цена. Тоа е наша проценка колку ќе изнесува Вашата нарачка кога ќе Ви ја доставиме сo нарачаните производи. Меѓутоа, истата може да се разликува минимално во зависност од производите кои Ви се испорачани.
За производите што се на размерување, отстапување е дозволено до +/- 50гр., што значи дека производите кај кои е наведена грамажа, ќе Ви ги доставиме оние со најсоодветна грамажа.
- Подготовка на нарачката
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани од нашиот персонал и за истите да не бидат оштетени за време на транспортот.
Купувачот е должен при преземањето на нарачката детално да ја провери од евентуални оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се презема одговорност по однос на рекламацијата за испорака на производите.
Откажување на нарачката
Платформата на ИНФО БИРО ДОО Охрид Ви дозволува откажување на посакувана нарачка, се` додека истата е откажана во разумен рок и пред да биде испорачана. Корисниците, односно Вие, исто така, можете да ја откажете нарачката доколку се јавите на 070 537 901. Доколку нарачката е откажана во согласност со оваа клаузула, Вие нема да имате одговорност истата да ја платите.
- Испорака
Нарачката се доставува во рамки на терминот кој сте го избрале при потврда на нарачката и согласно ценовникот за испорака наведени на нашата веб страна.
Сепак, може да има одолжувања поради причини како појавата на непредвидени околности. Доколку поради која било причина, не сме во можност да го исполниме терминот за испорака, ќе бидете навремено информирани.
Испораката ќе се смета за извршена, или нарачката за „доставена“ кога Вие или трета страна посочена од Вас ќе се стекне со физичка сопственост на добрата, што ќе се евидентира со потпишување на сметката за нарачка на адресата за испорака посочена од Вас.
Доколку при испорака на нарачката во зградата нема лифт или истиот не е во употреба, нарачката ќе Ви биде доставена до влезната врата на станбениот објект.
- Плаќање
Нарачката се плаќа онлајн со кредитна/дебитна картичка. За успешно купување потребно е да се внесат бројот на картичката кој се наоѓа на предната страна на картичката, името и презимето на сопственикот на платежната картичка, датум на истек како и CVV/CVV2 број кој се наоѓа на задната страна од картичката.
- Рекламација на производите
Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Доколку пратката е неисправна, купувачот треба да се пожали во истиот момент на телефонскиот број 046 611 622 или писмено на следниов е-маил: reservations@skycorner.mk.
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
- испорака на производи кои не се нарачани. Во овој случај Купувачот може да побара бесплатна достава на соодветните производи во најбрз можен рок или да ја одбие испораката и откаже нарачката;
- недостиг на одреден производ од направената нарачка. При одбивање на приемот на нарачката, купувачот има право да бара поврат на паричните средства за направената нарачка или да бара бесплатна испорака на тоа што недостасува во најбрз можен рок;
- испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба. Во овој случај Купувачот може да побара бесплатна достава на соодветните производи во најбрз можен рок или да ја одбие испораката и откаже нарачката;
- испорака на производи кои имаат видни оштетувања. Во овој случај Купувачот може да побара бесплатна достава на соодветните производи во најбрз можен рок или да ја одбие испораката и откаже нарачката.
Во случај да не сме во можност да испорачаме други производи во најбрз можен рок, ќе Ви ги надоместиме на трошоците и вредноста на производите кои не можат да се испорачаат.
Бидејќи нашата услуга е целосно зависна од Интернет конекција и електронските комуникации, нашата веб страна, софтвер, и услуга може да бидат предмет на одложувања, ограничувања и други проблеми поврзани со Интернетот. За неуспеси во испораката, одложувања, или друга економска штета што произлегува од проблеми поврзани со Интернетот и електронските комуникации, ИНФО БИРО ДОО Охрид не сноси никаква одговорност.
ИНФО БИРО ДОО Охрид, со своето дискреционо право, може да го модифицира својот софтвер или услуга, истите да ги прекине или пак да го суспендира, измени, или прекине Вашиот пристап до софтверот и услугите од било која причина, со или без известување и без одговорност кон Вас или било која трета страна.
За доцнење и неизвршување на своите обврски во случај кога постојат причини кои се надвор од контрола на нашата компанија, ние нема да се сметаме за одговорни. Настани надвор од наша контрола се: инвазија, штрајкови, терористички напад или закана од терористички напад, пожар, експлозија, војна (дали е прогласена или не), или закана или подготовка за војна, експлозија, поплава, земјотрес, невреме, епидемија, или друга природна катастрофа; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавен или приватен транспорт, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; декретите, актите, регулативите, законите и слично.
ИНФО БИРО ДОО Охрид го задржува правото да го измени или прекине било кој аспект од овие Правила и услови и/или од Политиката на приватност во било кое време, како што смета дека е пожелно или неопходно. Од Вас очекуваме периодично да ја посетувате оваа страница и да обрнете внимание на направените промени со цел да не настанат недоразбирања. Секое користење на веб страната од страна на крајниот корисник ќе се смета како форма на прифаќање на измените кои се направени на сајтот.
Друштво за услуги и трговија на големо и мало увоз-извоз ИНФО БИРО Драган и Димитри ДОО Охрид е насочено кон заштита на приватноста на посетителите на веб страната https://e-corner.mk. Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страна и/или ги користите нашите услуги преку истата. Ве молиме да ја прочитате Политиката на приватност во која е објаснето како ги користиме и како ги заштитуваме вашите лични податоци.
Со пристапување на нашата веб страна или со користење на нашите услуги, Вие потврдувате дека сте согласни со собирање и користење на Вашите информации на начин утврден во оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате, Ве молиме да не пристапувате кон нашата веб страна и да не ги користите нашите услуги.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Друштво за услуги и трговија на големо и мало увоз-извоз ИНФО БИРО Драган и Димитри ДОО Охрид, регистрирана адреса на Ванчо Николески бр.3, Охрид, Република Северна Македонија, регистрирано со матичен број на правното лице 4266161 во Централниот регистар на Република Северна Македонија и со даночен број MK 402099101247.
Активностите на обработка поврзани со онлајн услугите достапни преку веб страната на ИНФО БИРО ДОО Охрид, се извршуваат од страна на техничкиот персонал одговорен за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Активностите за обработка поврзани со нашите административни услуги се извршуваат од страна на нашите административни работници, врз основа на нивните службени должности и принципот: “треба да знае” (“need to know”) .
Чии податоци ги собираме?
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата веб страна https://e-corner.mk.
- Лица кои креирале профил, односно, се регистрирале на нашата веб страна https://e-corner.mk;
- Корисници на онлајн услугите на ИНФО БИРО ДОО Охрид.
Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
При регистрирање на нашата веб страна, секој посетител ги остава следните лични податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која Ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ИНФО БИРО ДОО Охрид;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 (петнаесет) дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб страна.
- Податоци кои корисниците ги доставуваат заради регистрација на веб страната и оние кои доброволно ги доставуваат
- Име и презиме;
- Адреса;
- Телефонски број;
- Е-меил адреса;
- Информации за исплата од кредитна или дебитна картичка.
Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела и трети лица, освен кога станува збор за пријавување на злонамерен напад, по барање од Агенцијата за заштита на личните податоци во постапка за утврдување на повреда на лични податоци или во други случаи предвидени со закон. Нашата веб страна ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.
Причини поради кои ги употребуваме Вашите податоци
Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме поради следните причини:
- да ги примиме Вашите нарачки и да ја извршиме испораката;
- да контактираме со Вас со врска со вашите нарачки и доставата на истите;
- да контактираме со Вас за промотивни понуди или други комуникации кои може да бидат во Ваш интерес;
- да одговориме на Вашите прашања поврзани со нарачките, доставата и обработката на личните податоци;
- да ги персонализираме содржините кои ги гледате кога ја посетуваме нашата веб страна и
- да го пресметуваме вкупниот број посетители на нашата веб страна.
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги и формите за регистрација и најава;
- преку нашата е-маил адреса: reservations@skycorner.mk.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 122/2020) и периодот потребен за постигнување на целта на нивната обработка.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на личните податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- право на пристап до личните податоци;
- право на исправка и бришење на личните податоци;
- право на ограничување на обработката на личните податоци;
- право на приговор.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да се обратите на нашата e-mail адреса reservations@skycorner.mk.
Политика за заштита на лични податоци на малолетни лица
ИНФО БИРО ДОО Охрид не дозволува користење на веб страната од страна на деца, односно, лица помали од 18 години. Таквата употреба на веб страната е строго забранета. Нашата веб страна е дизајнирана со намера да биде користена исклучиво од страна на возрасни лица. Со користење на нашата платформа, Вие изјавувате дека сте возрасно лице со навршени 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетни за да можете да креирате профил, како и за извршите нарачки и плаќања. Доколку дојдеме до знаење дека одреден корисник кој е регистриран на нашата веб страна е помлад од 18 години, профилот и податоците поврзани со тој корисник веднаш ќе бидат отстранети.
Промена на Политиката на приватност
Го задржуваме правото на промена, дополнување и ажурирање на Политиката на приватност во било кое време и без претходна најава, соодветно на настанатите промени и нашите активности. Доколку го сториме тоа, ќе Ве известиме преку различни процедури на веб страната (на пример преку банер, скок-прозорец или „push“ известување), или преку испраќање на известување на Вашата е-маил адреса кога промената е релевантна за Вашата приватност, за да можете да ги разгледате и процените промените, а по потреба да се спротивставите или да се откажете од некоја услуга или функција. Во секој случај, Ви предлагаме периодично да ја проверувате политиката на приватност при посета на нашата веб страна.
Целокупната содржина која се наоѓа на веб страната https://e-corner.mk, што содржи авторски права, заштитен материјал, трговска марка, како и други сопственички информации кои ги вклучуваат, но не се ограничени на фотографии, графика, звук, музика, текст, софтвер и видео е во ексклузивна сопственост на ИНФО БИРО ДОО Охрид. Нашата компанија целосно го задржува авторското право над селекцијата, модификацијата, и координацијата на содржината која ја поседува.
СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВАА ВЕБ СТРАНА ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД ИНФО БИРО ДОО ОХРИД Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО.
Секое прекршување на овие Правила и услови може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.
Крајниот корисник не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на оваа веб страна било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. ИНФО БИРО ДОО Охрид не сноси товар или одговорност да му даде на крајниот корисник индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка.
За решавање на евентуалните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на оваа веб страна или користење на нашите услуги,меродавно ќе биде правото и позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, а надлежен ќе биде судот во Охрид.
Со почит,
Тимот на ИНФО БИРО ДОО Охрид.